Новиот плоштад кој интензивно се гради кај некогашната библиотека, ќе наликува на плоштадите во светските метрополи,  најавуваат од локалната самоуправа.

– Извршено е тампонирање со цел да се постават високо квалитетни гранитни плочки во комбинација со камен. Во тек е и поставување на електрична инсталација за подното светло и канделабри, а ѕидините ќе бидат осветлени со илуминати кои ќе го надополнуваат пријатниот амбиент во вечерните часови. Ќе бидат поставени и клупи за одмор, изјави раководителот на Секторот за подршка на градоначалникот и координатор на Секторот за урбанизам Зоран Рафтоски.

Уредувањето на новиот плоштад  е во рамки на програмата на секторот за урбанизам, од каде во идниот период најавуваат  низа проекти збогатување на содржините во градот.

OhridNews