Како што информира телевизија „Телма“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје од утрово се поставува вртелешка, вредна 10 милиони денари. Вртелешката се наоѓа во близината на Камениот мост, а нејзиното поставување претходно билоо најавено.

Вртелешката  има декоративен венец и 32 седишта. Освен пони – коњчиња ќе има ротирачки чаши и кочии. Коњчињата се со едно, кочиите со четири, а ротирачките чаши со две седишта.

Вртелешката е финансирана од ЈП „Паркови и зеленило“, а дел од парите доаѓаат од градските власти, како наменска субвенција. Јавното претпријатие ќе стопанисува со вртелешката, а цената на возење треба дополнително да ја одреди Советот на Град Скопје.