На 30-ти јуни, со почеток во 21 часот, на сцената на Долни Сарај ќе се оддржи 12-от по ред Канео- Фест, на кој како што најавуваат организаторите, ќе продефилираат  дебитанти, реномирани интерпретатори од македонската забавна естрада, како и пеачи од странство.

– Подготовките течат во најдобар ред, освен ревијален карактер фестивалот ќе има и натпреварувачки дел. Ветуваме забава и уживање во добрата музика и настапот на изведувачите, изјавија организаторите. 

Канео- Фест е во организација на ТВ Морис, домаќин на фестивалот е Весна Баштованска, уметнички директор Кристина Алексиеска, технички директор Антонио Малчески,  а извршен директор Јован Трпески.

Првиот фестивал Канео- Фест беше оддржан во 2002 година, под иницијатива на Милчо Ѓорѓиески и Вили Костоски. На првото издание беа изведени над 50 мелодии.

OhridNews