По 15 години, падна најстариот македонски рекорд во пливање кој беше во сопственост на охриѓанецот Александар Маленко.
Него го сруши македонскиот репрезентативец во пливање, Мартин Стефановски, кој на митингот во Бања
Лука постави државен рекорд на патеката од 50 метри слободно.
исплива со време од 24,33 секунди, што е побрзо од времето 24,47 секунди
кое Александар Маленко го постигна пред 15 години.










