Нуркачите на Нуркачкиот центар „Амфора” и Клубот за подводни активности „Охрид”, годинава по 17 -ти пат, ја поставија и украсија подводната новогодишна елка на дното на Охридското Eзеро кај Заливот на коските во Градиште. На еден редок и уникатен начин тие своите новогодишни честитки ги упатија до децата со ретки болести на кои им ја посветија подводната новогодишна елка.

  • Со желби за добро здравје, навремена дијагноза и достапност на лековите кои значат живот за децата со ретки болести по трет пат годиниве им ја посветуваме оваа елка токму нив, бидејки  во нивниот живот полн со предизвици им е најпотребна нашата поддршка, изјави Јован Секулоски, претседател на „Амфора“.

Од здружението на граѓани со ретки болести упатија голема благодарност за поддршката која им е дадена во насока на остварување на нивните залагања за подобрување на животот на лицата со ретки болести.

  • Мојата желба е повеке слух од институциите за пациентите со ретки болести и усвојување нацрт документот за Национална страегија за ретки болести од страна на владата на РСМ со која ке се унапредат политиките за грижа  на овој тип на пациенти, рече Гордана Лолеска, грагански активист и член на здружението на грагани со ретки болести “Живот со предизвици”.

Настанот на китење на подводната елка како една своедвидна атракција има големо значење за промоцијата на Охрид и претставува уште една причина да се посети Музејот на Вода.

 

OhridNews