
На годинашната тортијада, која е во организација на женскиот центар од Охрид „Бисера“, учество ќе земат професионални и аматерски слаткари од Охрид и околината.
Како што најавуваат од „Бисера“, и овој пат, манифестацијата ќе е од натпреварувачки карактер, а натпреварувачите – слаткари, ќе можат да ги докажат своите кулинарски способности, пред присутните гости.
Тортијада започнува од 20 часот.












