Во организација на женски центар „ Бисера“, на 25- ти октомври, по 19- ти пат ќе се одржи традиционалната манифестација „ Тортијада“. И оваа година „ Тортијадата“ има натпреварувачки карактер, а учество ќе земат слаткарници од градот, како и жени аматери.
Заинтересираните своето учество може да го пријават најдоцна до 20- ти октомври во просториите на ЖЦ „ Бисера“ или на телефон 075/ 320737.
Тортијадата ќе започне во 20 часот, во хотел „ Ривиера“ .
OhridNews