-Ќе одржуваме 9 километри од вкупно 18 километри пат на планината Галичица до месноста Корита. Другиот дел останува затворен за сообраќај затоа што превојот Галичица со 1350 метри е највисок патен премин во Македонија и тешки се условите за одржување, потребна е инфраструктура и механизација.-изјави Лазо Наумоски раководител на „Македонија пат“ Охрид.
За зимското одржување на овој патен правец „Макдонија пат“ ги зголеми количините на абразивни материјали, а ќе биде ангажирано дополнитело уште едно специјално опремено возило.
По 20 години патот преку Галичица делумно ќе се одржува во зима
Граѓаните ја поздравуваат најавата на „Македонија пат“ за одржување на патниот правец до Корита, што ќе овозможи тие непречено да го посетуваат ова популарно рекреативно место и во зима, додека службите за спасување на непристапни терени предупредуваат на внимателност.
– И понатаму сметам дека тој пат не е безбеден во зима. Не е проблем чистењето туку одржување на патот по сите стандарди, одмрзнување на подлогата, банкини, ограда и соодветна сигнализација, бидејќи тој пат на таа надмораска висина многу често замрзнува и да нема снег и е деликатен за одржување, вели Антонио Додевски од Службата за спасување при Црвениот крст Охрид.
Тој истакна дека благодарение на микроклимата патот до Корита во зима е прооден во најголем дел и дека сп одржувањето ќе се подобри безбедноста уште повеќе, но ги предупредува граѓаните да бидат особено внимателни затоа што на овој патен правец честа е појавата на голомразица.