На конкурсот за директор на казнено поправната установа Затвор Охрид, што го објави Владата, во потесен круг за избор на вторo интервју биле повикани Стефан Трпеноски, актуелен директор на установата, инаку машински инженер, Билјана Крлеска, психолог – вработена во затворот и Мишeл Наумоски, дипломиран правник – специјалист по казнено право.

Како што неофицијално дознаваме, тројца кандидати се во потесен круг за избор на директор и на општата болница во Охрид. На интервју за раководител на оваа установа биле повикани актуелниот директор Љубен Арнаудов -гинеколог, д-р Боро Петрески – гинеколог и д-рТомислав Цуцулоски – интернист.  

Изборот на директор на овие установи се oчекува да се изврши деновиве.

OhridNews