На 15 и 16 септември, во хотел „Галеб“ во Струга, ќе биде одржано 37-то издание на Меѓународната манифестација „Струшка музичка есен“, чиј организатор е Сојузот на композитори на Македонија.

Генерална тема на која ќе се дискутир аод страна на присутните музиколози ќе биде македонската музичка наука, македонската музика, односно проблемите и перспективите со кои таа се соочува.

Како што велат организаторите, поради скромната поддршка од министерството за култура, годинава на манифестацијата ќе настапи само триото ИНТЕРАРТ од Битола, во состав Емилија Стефановска Ристевска и Александар Стефановски – флејти и Татјана Божиновска – пијано, а нивната програма ќе содржи камерни дела од македонски композитори.“

OhridNews