Oд денеска до 14-ти септември во хотел „Бисер“ во Струга ќе се одржи 39-тата Меѓународна музичка научна манифестација „Струшка музичка есен“, на тема музика и образование.
Манифестацијата која скоро четири децении се реализира на струшкото крајбрежје ќе понуди ретка можност музиколозите, музичките и балетските педагози, музичките теоретичари, музичките медиависти, етномузиколозите заеднички да ги разгледаат прашањата и темите од нивните потесни научни области.
Инаку, „Струшка музичка есен“ е единствената платформа на годишно ниво која ги третира сите прашања поврзани за науката, теоријата и практиката на музичката и танцовата уметност во Македонија.
OhridNews