Некогаш најдобриот фудбалер на светот, бразилецот Рикардо Кака, го напушти Реал Мадрид и се врати во Милан, каде ги имаше најдобрите моменти во својата кариера.

Кака во кралскиот клуб мина 4 сезони проследени во кои поради честите повреди и концептот на тренерите одигра малку натпревари и не покажа речиси ништо од раскошниот талент кој го красеше во Милан со кој освои решиси се што може да се освои.

31-годишен Бразилец со Милан потпишал 2-годишен договор.

OhridNews