По 8-годишна пауза блинкерот викендов се враќа на Охридското Езеро
06.09.12 13:15
Концесионерот „Пастрмка 2012“ деновиве ги доби одобренијата за вршење рекреативен риболов од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со што и официјално ќе започне спортскиот риболов со блинкер на Охридското Езеро по пауза од осум години.
Првиот блинкер ќе се одржи викендов на 8-ми и и 9-ти септември. Риболовот ќе се врши со 1 жила и 7 блинкери по чамец, во периодот од 06 до 12 часот, двата дена.
Дозволата за првиот блинкер на 8-ми септември изнесува 1000 денари, бидејќи всушност таа претставува годишна дозвола за 2012 година, која ќе важи за месеците септември и октомври. Дозволата за вториот блинкер, недела 9-ти септември, изнесува 800 денари. Дозволите за наредните блинкери во месец октомври ќе чинат по 800 денари
Дозволите за блинкерот во Охрид ќе се издаваат во поранешните простории на Г.П. „Гранит“ на Кеј „Маршал Тито“, секој работен ден од 08 до 18 часот.
Дозволите за блинкер во Струшкиот регион ќе се издаваат во рибарницата „Летница – белвица“ кај градскиот пазар во Струга, во непосредна близина на црквата Св. Ѓорѓија.
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари работна средба со амбасадорката на Република Чешка во Северна Македонија, Ирена Гецова, на која се разговараше за актуелните предизвици на опш...
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари средба со Оливер Димоски, кој ја извршува функцијата заменик-градоначалник на општината Сент Џорџ (Georges River Council) во Сиднеј,...
Избрани најдобрите творби на конкурсот „Ветерот и капките дожд танцуваат, кралицата есен ја прославуваат“ кој го распиша Општина Охрид Oвој еко проект е во соработка со основните училишта на терито...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.