На вчерашното доделување на најважните филмски награди Оскарот за најдобар филм му припадна на „Зелена книга“ на режисерот Питер Фарели, приказна за расизмот и за вистинското патување на афроамериканскиот пијанист Дон Ширли и неговиот бел возач Тони Валелонга. Махаршала Али, кој го глуми Ширли, ја доби наградата за најдобар актер во споредна улога, а филмот е победник и во категоријата за оригинално сценариот.

Еден од фаворитите оваа година, „Рома“ на Алфонско Куарон, е прогласен за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, а доби ште два Оскара, за најдобра режија и за најдобра кинемаографија.

Најдобри главни актери на годинешните Оскари се Оливија Колман за улогата на кралицата Ана во „Миленичка“, и Рами Малек кој го отелотвори Фреди Меркјури во „Боемска рапсодија“.

Музичкиот филм, „Боемска рапсодија“, прказната за познатиот бенд „Квин“, доби вкупно четири златни статуетки, а вистинските членови на бендот, помогнати од пејачот Адам Ламберт ги отворија вчерашните Оскари со впечатлива изведба на We Will Rock You и We Are The Champions.

Ѕвездата е родена“ на Бредли Купер имаше неколку номинации во главните категории, но доби само една статуетка – за најдобра песна за Shallow за Лејди Гага.

Купер и Лејди Гага не победија во категориите за најдобри актери, но вчеравечер привлекоа внимание со својата интерпретација на песната Shallow.