Иднината на вработените во општинската администрација кои своите обврски ги извршуваат во општинската зграда во село Косел ќе биде позната по разгледувањето на извештаите за досега сработеното во одделението.
Како што рече градоначалникот Никола Бакрачески одговарајќи на поставено прашање од страна на советничката Жаклина Лазаревска, во наредниот период ќе се изврши анализа на ефектот од досегашното функционирање на одделението, па потоа ќе се одлучува што понатаму со неколкумината вработени.
– Целта на преместувањето на дел од вработените во Косел беше да се воспостави подобра комуникација меѓу жителите и надлежните служби при локалната самоуправа. Откако ќе ги разгледаме извештаите од сработеното ќе донесеме одлука дали вработените ќе се вратат во зградата во Охрид или ќе продолжат обврските да ги извршуваат во Косел. Потоа ќе се одлучува и околу општинската зграда во селото, рече градоначалникот Бакрачески.
Дел од вработените во локалната самоуправа беа префрлени во општинската зграда во Косел на почетокот на оваа година, а во тамошните канцеларии средби со жителите одржуваше и секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.
Т.К.