По автопатот Охрид – Кичево, кој треба да биде завршен за четири години, ќе се вози со брзина од најмалку 120 километри на час, најави министертот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

-Новиот автопат ќе биде долг 56,7 киломентри. Почнува од Кичево, па преку Подвис, Пресека и Песочан стигнува до Требеништа, а оттука преку Подмоље се врзува со Охрид. Според проектот овој автопат ќе има две ленти со вкупна широчина од 25,2 метри, а на трасата ќе има 6 потпатници и 13 натпатници, како и голем тунел под Пресека со две цевки. На оваа делница ќе се вози минимум 120 километри на час. Оваа автопатска делница е дотолку значајна бидејќи води кон нашето најпосетувано туристичко место Охрид.-изјави Јанакиески.

Тој додаде дека со изградбата на автопатот Кичево – Охрид, Скопје – Штип и Гевгелија – Смоквица, во наредните 4 години, Македонија ќе добие нови 132 километри автопатска мрежа. Јанакиески најави дека оваа година се очекува да биде распишан повик за пронаоѓање концесионер за уште две автопатски делници, таа од Гостивар до Кичево и од Скопје до Блаце.

OhridNews

По автопатот „Мајка Тереза“, од Охрид до Кичево за помалку од половина час