Од 8-ми до 11-ти јануари, медијаторот Метју Нимиц ќе ги посети Скопје и Атина. Според соопштението на посредникот на Обединетите Нации, разговорите помеѓу земјава и нашиот јужен сосед ќе се одвиваат на високо ниво.

По ноемвриските разговори во Њујорк, Нимиц во двете земји ќе има средби со високите претставници на државните врвови, со цел забрзување на процесот за изнаоѓање заемно прифатливо решение за името на земјава. Медијаторот ќе се сретне со Зоран Јолевски, односно, со Адамантиос Василакис.

Инаку, Нимиц потврди дека дадени се неколку сугестии, односно препораки до двете страни, кои треба сериозно да се разгледаат со цел решавање на деценискиот спор.

OhridNews