Екипата на Свонси во првиот натпревар од 1/2 финалето во Капитал купот го совлада Челси со 2-0. Со победата на Стемфорд Бриџ избраниците на Данскиот стратег приредија ново изненадување откако на првиот полуфинален дуел нисколигашот Брадфорд триумфираше над Астон Вила 3-1.


Најдобриот фудбалер сезоната во редовите на Свонси, Мичу во 39-та минута погоди за водство од 1-0. Магичната вечер за Свонси ја заокружи Грахам во 90-та минута поставувајќи ги конечните 2-0.

Повратните полуфинални натпревари во Капитал купот се играат на 22/23 јануар.

Мх.П.