Во рамки на одбележувањето на 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, ќе се одржи турнирот „Ohrid freed 2026“, во организација на ЈП „Билјанини Извори”, кој ќе ги обедини учесниците во духот на спортот, фер-плејот и меѓусебното дружење.

На турнирот ќе учествуваат шест екипи, поделени во две групи со по три екипи. Во квалификациската фаза ќе се игра според системот „секој со секого“, при што ќе се одиграат вкупно шест натпревари.

Квалификациските натпревари ќе се одржат на 28, 29 и 30 октомври 2026 година, со почеток во 20:00 и 21:00 часот.

Полуфиналните натпревари се закажани за 5 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 и 21:00 часот. Во полуфиналето ќе се пласираат првопласираните и второпласираните екипи од двете групи, кои ќе се соочат според вкрстениот систем.

Завршницата на турнирот е предвидена за 7 ноември 2026 година, кога ќе се одиграат натпреварот за третото место, со почеток во 20:00 часот, и големото финале, со почеток во 21:00 часот. Реализацијата на натпреварите во финалниот ден ќе зависи од достапноста на спортската сала.

Со вкупно десет натпревари распоредени во пет натпреварувачки дена, „Ohrid freed 2026“ има цел да придонесе кон развојот на спортската култура, промоцијата на фер-плејот и збогатувањето на спортската програма по повод празникот на градот, потенцираат од ЈП „Билјанини Извори”.

Турнирот, додаваат, претставува можност за спортско надмудрување, тимска соработка и дружење, со заедничка порака дека спортот е важен дел од животот на локалната заедница.

OhridNews