Во пресрет на Христовото раѓање – Божик, по четврти пат ќе се одржи Бадниковата литија во Охрид. Поворката со повеќе од 300 деца ќе тргне од црквата „Св. Ѓорѓија“, по што ќе се движи по улиците „Јане Сандански“ и „Кеј Македонија“ по што ќе пристигне на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, каде ќе бидат дарувани децата коледарчиња.
Манифестацијата ќе заврши со ручек во црквата Св. Богородица – Каменско. Во чест на Христовото раѓање Божик, на градскиот плоштад е поставена макета на
пештерата која го наговестува денот на Христовото раѓање, изработена од монахињите од манастирот „Св.Ѓорѓи Победоносец“ од Рајчица.
OhridNews