По неделната паузата, денеска во Скопје ќе продолжат протестите против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичарите во Македонија против кои се води постапка за кривични дела, најави организаторот на протестите, граѓанското здружение „Протестирам“.
И ГДОМ вчера не организираше контрапротести.
Но, протести против одлуката на претседателот на државата имаше во Велес, Битола и во Вашингтон, САД, каде група Македонци протестираа прд амбасасата на Македонија.
Учесниците на протестот организиран од движењето „Протестирам“ бараат повлекување на длуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција, негова оставка, како и повлекување на одлуката за избори на 5 јуни.
„Во деновите кои се пред нас треба здружено да го кренеме гласот и да ѝ покажеме на корумпираната власт дека нема да дозволиме уште едно изигрување на интелигенцијата, уште едни недемократки избори и уште едно погазување на достоинството и волјата на народот во оваа држава.“ – се вели во прогласот на „Протестирам“.
OhridNews