Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро се наоѓа на кота 693,43 метри надморска височина (м.н..в), што е два сантиметрa над просекот за месец февруари (693,41 м.н.в.).

Врнежите од дожд, а потоа и од снег од почетокот на оваа година, значително ја подобрија хидролошката кондиција на Охридското Езеро и реките во неговиот слив. Снегот кој деновиве наврна на околните планини исто така позитивно ќе влијае на дотокот на вода во Езерото, кое бележи големи осцилации последната декада.
Г.М.











