Согласно објавениот оглас на надлежното министерство, максималната површина на кој може да аплицира и да добие еден понудувач по овој оглас во однос на понудените катастарски парцели е 10 хектари. Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето, зависно од намената е од 15 до 50 години.
Право на учество на јавниот оглас за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште, имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.
Од страна на комисиијата надлежна за избор на најповолен понудувач, при доделувањето на земјоделската површина треба да се земе во предвид оддалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот во однос на земјоделското земјиште кое се нуди на јавниот оглас, понудена годишна закупнина по хектар, правниот статус на понудувачот, како и видот на планираното производство.
До сега на ниво на општина Охрид земјоделско државно земјиште обработуваат 10 корисници кои го имаат закупено за времетраење од 30 години.