
“Со ова решение на краток рок ќе се постигне компромис меѓу двете страни, Македонците кои бараа поделени етнички односно јазични смени и Албанците кои сакаа да продолжат да учат во заеднички смени”, изјави неодамна во Струга вицепремиерот Ставрески.
Според најавите до почетокот на идната учебна година во Струга треба да се обезбеди уште една зграда каде ќе се смести едно од двете средни училишта. Со тоа ќе се надминат просторните проблеми за воведување јазични смени на што се инсистираше по масовните тепачки помеѓу учениците Македонци и Албанци кои беа вовед во едномесечната криза во средношколскиот центар во Струга.
ohridnews











