Во организација на продуцентската куќа “Трето Уво” на 10-ти и 11-ти Август во Античкиот Театар, со почеток во 21.30 часот, ќе се одржи единаесеттото по ред издание на традиционалниот музички фестивал „ Балкански музички плоштад“.

Првата фестивалска вечер ќе ја отвори групата “2Лате” од Варшава, Полска, а по нив ќе настапи атрактивната грчка група “Балкан Цолла” од Солун, Грција, која станува се попопуларна и една од водечките претставници на балканскиот звук во Европа.

Втората фестивалска вечер ќе ја отвори популарниот потругалски пејач на автентичниот музички стил “Фадо” – Марио Моита од Евора, Португалија, а веднаш по него свој целовечерен концерт ќе одржи најголемата македонска фолк ѕвезда – Миле Кузмановски придружуван од тамбурашкиот оркестар ГЕЗМЕ од Куманово.

И оваа година влезот за сите вечери од фестивалот е бесплатен.

OhridNews