По 11-ти пат годинава, во Охрид ќе се одржи Охридски хорски фестивал. Манифестацијата свечено ќе биде отворена вечерва, во 19 часот, во Дијамантската сала од хотел Инекс, по што ќе следат и настапи на отворено во центарот на градот.

На фестивалот се пријавени да учествуваат 30 хорови од 13 европски земји.

Фестивалот има ревијален дел и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории. Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк.

Жири комисијата ја сочинуваат реномирани лица од музичкиот свет и тоа: Јануш Станецки (Полска), Габор Ковач (Романија), Запро Запров (Македонија), Елена Лацапњева (Белорусија) и Илија Рајковиќ (Србија). Концертите од фестивалот ќе се одржуваат во Дијамантската сала на хотел Инекс Горица и црквата Св. Кирил и Методиј (католичка црква), а во состав на отворањето хоровите ќе изведат кратка програма на отворено.

Влезот е слободен, повеќе информации за фестивалот: www.ohridchoirfestival.com

OhridNews