Екипата на Барселона приреди огромно изненадување откако успеа да го совлада Далас Маверикс со 99-85. Барселона е втор тим кој победува над НБА претставник, неодамна Фенербахче предводен од Меккејлеб направи подвиг победувајќи го Бостон Селтикс.


Кошаркарите на Барселона доминираа во целиот тек на мечот. Во средината од третиот период шпанците имаа предност и 20 поени разлика која знаеа како да ја задржат до крајот.

Најпрецизни во составот на Барселона беа Наваро и Мајкл со 19 кошеви додека кај Далас во недостаток на Новицки најпрецизен беше Валас со 15 поени.

Мх.П.