Шпанскиот кошаркарски клуб Барселона го потврди вечерва ангажманот на По Гасол, кој се враќа во својот матичен тим по 20 сезони минати во НБА лигата.

Како што е соопштено, 40-годишниот По Гасол потпишал договор со Барселона до крајот на тековната сезона.

Среќен сум поради моето враќање во клубот во кој поникнав и се чувствувам возбуден поради овој нов предизвик, објави Гасол на социјалните мрежи. Тој последен пат го носеше дресот на Барселона во 2001 година, кога соиграч му беше актуелниот тренер на каталонскиот клуб Шарунас Јасикевичиус.

Гасол потоа се пресели во НБА лигата, настапувајќи за екипите на Мемфис, Чикаго, Сан Антонио, Милвоки и Лос Анџелес лејкерс, со кој освои две шампионски титули.

OhridNews