Болоња ја продолжува одличната серија на мечеви во Серија А, откако со 2-0 ја “преслуша“ Фиорентина. Во минатата рунда од “калчо“ лигата Болоња го прегази Интер со 3-0 на Џузепе Меаца.


Стрелци на головите за Болоња беа Дијаманти и Рамирез во првиот дел. Немоќноста на теренот “виолетовите“ ја демонстрираа преку Олиевиера кој заработи директен црвен картон во 50-та минута.

Со триумфот Болоња се искачи 15-то место со 28 бодови и Фиорентина има исто толку бодови но поради подобрата гол разлика е на 13-то место.

Мх.П.