Нацрт-фискалната стратегија и развојните програми на општината за 2009 година ќе бидат тема за дискусија и  на јавната трибина што ќе се одржи денеска во општинската зграда со почеток во 19 часот.

Граѓаните, претставниците на месните и урбаните заедници, невладините  организации и здруженија ќе имаат можност да расправаат по  нацрт-документите, да даваат предлози и сугестии а одговорните во општинските сектори  ќе  ги овозможат  потребните толкувања, објаснувања и изјаснувања по одржаноста на она што е предложено во оваа фаза од јавниот увид.

Во текот на следната фаза овие документи ќе се утврдат како предлог по кој ќе расправа и ќе одлучува Советот на општината на седницата што треба да се одржи до крајот на месецов.

Ohridnews