По спроведени контролии од страна на Фондот за здравствено осигурување врз работењето на 24 матични лекари во Охрид, 10 од нив заработиле казна, информира телевизија Сител пренесувајќи ја изјавата на портпаролот на ФЗОМ, Бранко Аџигогов. Охридските матични лекари кои заработиле казни издавале ортопедски помагала – пелени, не според медицинска индикација, туку како социјална помош.

-Овие контроли ги правевме во повеќе градови низ земјата. Не го почитуваат правилникот и на стари лица пелените им ги доделувале како социјална помош, вели Аџигогов за Сител телевизија.

Од Фондот велат сите кои сакаат да се збогатат на штета на здравствената каса но и на пациентите ќе бидат соодветно казнети.

OhridNews