Последнопласираниот тим во македонскиот фудбалски шампионат битолски Пелистер ги започна подготовките за пролетната во етапа, во која се надеваат дека ќе успеат да го избегнат најлошото , испаѓање од Првата лига.


Во тимот речи си и да нема засилувања, а се’ што вредеше нешто во изминатата година го напушти “зелениот“ брод.  Стратегот на “чкембарите“ Неџат Хусеин, откри детали за планот на подоготовките на тимот.

–  Остануваме во Битола се до првите денови од февруари, кога најверојатно ќе минеме 10 дена во Анталија. Мислам дека добро ке се подготвиме и ке бидеме покомпетитивни од есенскиот дел, кога собравме мал број на бодови – рече Хусеин.

Минатата година битолчани беа во Шпанија каде одиграа серија пријателски натпревари со силни противници, турнејата позната како “7+“ мина неславно откако битолчани ги загубија сите натпревари и тоа со голема гол разлика.

Ohridnews