Продуцентската куќа Трето Уво го најавува 14-то издание на Фестивалот „BALKAN MUSIC SQUARE“ во Охрид.
Првата вечер на фестивалот се одржa во Скопје на 3-ти Јуни со настап на студентите од џез академијата при УГД Штип во Аудиокултура.
Фестивалот ќе продолжи традиционално во Охрид и тоа на 20-ти Јуни со настап на мулти-инструменталистот Даниел Јовески и Голема изложба на фотографии од Охридското езеро.
На 21-ви Јуни ќе го прославиме Денот на Охридското езеро со концерти на виртуозите Дамјан Пејчиноски на гитара и Никола Мицевски на хармоника, а потоа една од најдобрите македонски групи Љубојна со специјална гостинка певицата Алба Дајлани од Албанија, информира организаторот.
И двата настани ќе се одржат на плоштадот Долна порта, пред хотел Алекександрија со почеток во 13 ч а влезот е слободен.
Фестивалот е поддржан од Министерство на култура на Македонија и Општина Охрид.
Г.М.