Легендарниот голман на фудбалската репрезентација на Шпанија и на Реал Мадрид Икер Касиљас навести смена на генерациите по завршувањето на Светското првенство во Бразил следната година.


Касиљас (32) ја предводеше „фуријата“ до две титули првак на Европа(2008 и 2012 година), како и последната титула светски првак(2010 година), што ќе ја брани следната година во Бразил.

Според Касиљас, неговото последно појавување во дресот на националниот тим ќе биде токму на ова првенство во Бразил.

По Бразил ние неколкумина ќе си заминеме и ќе ослободиме место за помладите фудбалери. Ќе играм додека главата ми дозволува. Во моментот на ум ми е СП и Реал Мадрид, со кој договорот ми истекува во 2017 година“, вели Касиљас, кој од 15 јуни до крајот на месецот ќе ги брани боите на Шпанија на Купот на конфедерации во Бразил.

Иако последните пет месеци не беше меѓу стативите, селекторот Дел Боске не се сомнева во неговите квалитети. „Подготвен е и во форма каква што секогаш ни носеше победи“, рече Дел Боске.

“Макфакс“