По најавите дека маслото за јадење ќе поскапи се зголеми побарувачката на овој производ. Зголемена потрошувашка на масло за јадење има во речиси сите колонијални продавници и маркети.


Маслото за јадење поскапува?

До зголемување на потрошувачката на масло за јадење дојде откако производителите најавија драстично зголемување на цената на овој основен прехранбен производ до март идната година. Според нив сегашната цена од околу 62 денари за литар(производствена) е најниската која производителите можат да си ја дозволат. Тие стравуваат дека светската криза нема да го одмине ниту производството на масло за јадење и дека последиците од неа негативно ќе се одразат во првите месеци од 2009 година, што ќе предизвика раст на цените на овој прехранбен производ.

Ohridnews
фото: Васко Бујароски