По реакциите на граѓаните за кои пишуваше OhridNews, општинскиот инспекторат издаде налог до Ј.П.„Охридски Комуналец“  за расчистување на западната страна од калето, околу комплексот згради на ул.„Крум Точко“ , кај фудбалското игралиште во месноста Грашница, вливот на река Грашница во Охридско Езеро и кај амбулантата „Воска“.

Ангажирани се пет работници кои го расчистуваат расфрланиот комунален отпад (пластика, најлон кеси, хартиени отпадоци и др.) и мини-депонијата од градежен шут кај амбулантата.

Од јавното претпријатие со апел до граѓаните непријатните слики на расфрлан отпад  да не се повторат, нагласувајќи дека несовесното однесување на поединци остава трајни последици по степенот на хигиена во градот, а во овој случај дека посредно  се загадува и езерото.

OhridNews