По написот на OhridNews вчера службите на ЈП „Охридски Комуналец“ поставија уште еден сад за собирање на отпад, на локацијата за депонирање на смет позади „Скалестата зграда“.
Жителите кои живеат во овој стамбен комплекс и во околните куќи се задоволни од брзата реакција на службите и се надеваат дека во иднина нема да се соочуваат со слични проблеми околу депонирање на отпадот.
Од ЈП „Охридски Комуналец“ неодамна најавија дека наскоро ќе бидат набавени 200 нови пластични контејнери со капаци, кои ќе бидат поставени на повеќе локации во Охрид, пред почетокот на летната сезона.
OhridNews