По заминувањето на Алесандро Неста, уште две легенди на Милан најавија дека ќе ја “раскинат“ љубовта со “росонерите“. После завршувањето на сезоната вечниот борец Џенаро Гатузо и фудбалерот за големи натпревари Филипо “Пипо“ Инзаги ќе заминат од клубот.


Гатузо, Инзаги заедно со Неста беа едни од клучните фудбалери во освојувањето на титулите на Милан и засекогаш ќе останат запаметени по нивните успеси. Инзаги со писмо им се обрати на навивачите на Милан во кое стои :


Во добро и лошо бевме заедно. Емоциите ако не ги споделиш со некого стануваат безвредни, но јас за среќа ве имав вас – стоеше во писмото на Пипо.


Мала утеха за навивачите на Милан е продолжувањето на договорот со колумбиецот Марио Јепес.

Мх.П.