По вчерашното невреме кое предизвика големи проблеми на охридското крајбрежје, полни раце работа има оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец“.

-Уште во вчерашниот ден мобилизирани се екипите и во рамките на можностите се расчистуваше каде беше најнеопходно и се помагаше на граѓаните чии објекти настрадаа под налетите на силниот јужен ветер. Денеска уште од 5 часот утрото се расчистува градскиот кеј од пристаништето до Холандски Парк. Ангажирани се сите расположиви средства и механизација (камиони, кипери, трактор, цистерна) како би се олеснило расчистувањето и подигнувањето на енормните количини отпад. Ангажирани беа и работниците во градскиот парк и ширум градското подрачје за подигнување на скршени гранки и дрвја. – информираат од „Охридски Комуналец“.


По невремето полни раце работа за „Комуналец“

 

OhridNews