Членовите на клубот за подводни активности „Охрид“ и на нуркачкиот центар „Амфора“ денеска во Заливот на коските кај Градиште, во Охридското Езеро, по осми пат ја накитија подводната елка. За прв пат  во украсувањето учествуваа и најмладите членови на нуркачкиот центар Амфора11- годишниот Игор Чеменкоски и 12-годишната Сања Ѓорѓиеска. Тие од подводниот Дедо мраз добија новогодишни пакетчиња и пиеја детско шампањско.

– Со китење на новогодишната елка и традиционалното пиење на шампањско под под вода нормално оваа година детско шампањско, прво ние од клубот за подводни активности „Охрид“ и нуркачкиот центар „Амфора“, меѓусебно си ја честитавме новата 2011 година, а воедно им ја честитаме Новата година на сите граѓани на Република Македонија со желба за здравје, успех и подобар живот -изјави за OhridNews, Милутин Секулоски, меѓународен нуркачки инструктор.




По осми пат накитена подводната елка во Охридското Езеро

ОhridNews