Во организација на друштвото за Македонско Културно Наследство “Александар Македонски” од Охрид,  во соработка со КУД “Охриѓанка” , од утре до 24 јули, по осми пат во Охрид ќе се одржи Меѓународниот Фолклорен Фестивал “Александар Македонски”.

 
Фестивалот свечено ќе биде отворен на 22-ри јули,  со дефиле по охридските улици, чаршијата и плоштадот, каде што охриѓани и многубројните туристи ќе имаат можност да ги видат гостите-  учесници, во автентични носии од местата од кои доаѓаат.

Главниот настап на учесниците ќе се одржи на плоштадот “Крушевска Република” кај Чинарот , со почеток во 19 часот.

OhridNews