Во охридската болница „Св.Еразмо“, утрово, околу 3.30 часот, со повреди на главата бил донесен 40-годишен охриѓанец.

Повредениот бил донесен од непознати лица кои кажале дека биле со кајчиња во водите на Охридското  Езеро, при што охриѓанецот паднал и се здобил со повреди.
Се преземаат мерки за  целосно расчистување на случајот.

OhridNews