Како што се наведува во повикот, заинтересираните кандидати треба да уживаат висок авторитет, углед и доверба во средината, да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДСМ, да имаат јасна визија за идниот развој и делување на партијата на локално ниво, да поседуваат силни организациски и политички способности , да бидат подготвени за воведување современи методи и технологии и за работа, како и да поседуваат вештини за јавен настап.
Од кандидатите се бара и да се однесуваат со почит и толеранција кон партиските колеги и да потпишат изјава за прифаќање на етичкиот кодекс на СДСМ .
Заинтересираните треба да бидат членови на партијата во моментот на поднесување на кандидатурата.
Кандидатите своите програми за работа можат да ги достават најдоцна 20 јули 2013 година.
Освен во Охрид, СДСМ ќе избираат нови претседатели и во ОО на партијата во Карпош, Кочани, Битола , Штип, Пробиштип, Кратово и Крива Паланка.