На последната владина седница, покрај поскапувањето на патарините е одлучено да се зголемат и трошоците за регистрација на автомобилот.
Според новиот ценовник возила со зафатнина на моторот од 900 до 1.350 кубни сантиметри ќе плаќаат 1.520 денари, наместо 1.060 денари како претходно, тие до 1.800 кубици ќе плаќаат 2.180 денари наместо досегашните 1.530 денари, а тие со зафатнина на мотор до 2.500 кубни сантиметри ќе ги чини 2.910 денари, наместо досегашните 2.040 денари.
Исто така се зголемува надоместокот за користење на јавни патишта за моторни и приклучни возила. Популарната патна такса, влегува во трошоците за регистрација на автомобилот.
OhridNews