По пауза од две години, поради Ковид кризата, Охрид повторно претставен на Саемот за туризам во Република Србија. Свое обраќање на Саемот во Белград пред учесниците и српските туристички работници имаше градоначалникот Кирил Пецаков кој говореше за туристичките вредности и потенцијали на Охрид.

Горди сме што во континуитет ја подобруваме туристичката понуда, а постојано ги следиме светските трендови и затоа покрај постоечките, креираме и нови облици на алтернативен туризам. Изготвуваме и заеднички проекти со соседните земји, со што на туристичките работници им овозможуваме да понудат нови пакети и кружни тури со што ќе се побуди интересот на гостите од целиот свет, истакна Пецаков.

Годинава на саемот учествуваат 250 туристички организации од 43 земји.

OhridNews