По пауза од две години продолжува одржувањето на Бадниковите поворки. Подготовките за настанот започнуваат на 10 декември во 13 часот во спортската сала на ОУ „Христо Узунов“.

Со цел да ја продолжиме оваа стара духовна традиција ве покануваме да се приклучите во подготовките се до „Бадниковото навестување за раѓањето на Христос” на 6 ти јануари 2023 година. Истото ќе биде одбележано со голема поворка низ Охридските улици, во која ќе учествуваат деца пеејки ја некогашната стара коледарска песна „Вечниот Бог“, информираат организаторите.

Додаваат дека децата кои ќе учествуваат во оваа манифестација ќе добијат божиќни подароци.

Имено, две година по ред, поради пандемијата со Коронавирусот, Бадниковите поворки на радост коишто вообичаено вклучуваат директно учество на неколку илјади деца, беа заменети со големи хуманитарни акции „Црвен тепих на хуманоста“.

OhridNews