По паузата, судскиот процес за убиството на српскиот турист, Дејан Новаковиќ, што на 27-ми август се случи во центарот на Охрид, од малата судница во која денес започна, рочиштето продолжи во големата сала на Основниот суд, во која им беше дозволено да присуствуваат и на роднините на обвинетите и новинарите кои не беа во можност да го следат првиот дел од процесот. На почетокот на рочиштето, во малата судница можеа да присуствуваат само блиските на оштетената страна.

За убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ се обвинети две лица од Охрид,  а уште  едно се товари за помагање по извршено кривично дело. Истовремено за убиството на Новаковиќ пред Основниот суд во Охрид се води процес и против едно лице државјанин на Република Србија, кој засега е недостапен за органите на прогонот.

OhridNews