По повод Новогодишните и Божикните празници, членките од Женски Центар „Бисера“ ги посетија старите лица во Геријатриското одделение при Општата болница во Охрид.

Покрај пригодните божикни подароци, старите лица имаа можност да вкусат и домашни специјалитети подготвени од вештите раце на членовите на „Бисера“, при што заедно поминаа пријатно претпладне дружејќи се  и славејќи го Христовото раѓање.

OhridNews