Традиционално во охридското село Велгошти, денес, по повод верскиот празник Прочка се одржа маскенбал (емшири).

Учествуваа голем број млади од селото кои ги презентираа своите интересни и шеговити маски поврзани со секојдневните актуелни случувања.

Месната заедница на село Велгошти и оваа година обезбеди симболични награди како и пакетчиња за секое емширче.

OhridNews