Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид и годинава е носител на активностите за одбележување на „Светскиот ден на срцето” во нашиот град.

Во соработка со Општина Охрид и Организацијата на Црвен Крст од Охрид, а во заедничка организација со фармацевтската компанија  Алкалоид-Скопје, болницата ќе се вклучи во глобалната кампања,  која  по повод  29 Септември- Светскиот ден на срцето ги обединува здравствените работници,  државните институции, здруженијата на пациенти, граѓанските организации, семејствата и поединците  со единствена цел – подигање на свеста на заедницата и секој поединец за можностите да се намали бројот на засегнати од кардиоваскуларни заболувања.

Годинешното мото е  „Направи ветување за моето срце, за твоето срце, за нашите срца“,  и  треба да ги потсети сите  дека бројот на КВЗ може да биде значајно намален со контрола на ризик факторите и адекватна грижа за своето здравје на секој поединец.

На 28-ми септември, сабота, на градскиот плоштад , традиционално ќе биде поставен шатор и вработени од болницата ќе вршат превентивни прегледи за сите заинтересирани во периодот од  10-13 часот. Заинтересираните ќе имаат можност и да добијат одговори на прашања поврзани со кардиваскуларното здравје.